Top Sport

Голманот на Шалке остана без капитенска лента поради „предавство“

Еден од најдобрите млади голмани на денешницата, 23-годишниот Германец Александер Нибел во јуни ќе го напушти Шалке 04 и ќе премине во Баерн Минхен без обезштетување. Таа негова одлука тешко им падна на челниците на клубот од Гелзенкирхен, па одлучија да му ја одземат капитенската лента.

Нибел одби да го продолжи договорот со Шалке, па по завршувањето на сезонава како слободен играч преминува во Баерн.
Навивачите на клубот посебно ги погоди фактот што младиот голман не сакаше кариерата да ја продолжи во Барселона, Атлетико или Милан кои прокажаа интерес за него, туку отиде во ривалот од Бундеслигата.

За потсетување, Нибел ја отслужува суспензијата поради црвениот картон кој го заработи по крвничкиот старт врз српскиот интернационачец Гачиновиќ.
Nubel no longer Schalke captain after agreeing Bayern switch – Sportskeeda#s04 ?? #Bundesliga
Pls RThttps://t.co/iCdrHkAljk
— 90 Minutes Football News (@footy90com) January 4, 2020

Scroll to Top