Top Sport

Голманот на Шапекоенсе на тренинг првпат откако ја загуби ногата

Жексон Фолман беше еден од шесте преживеани на страшната авио-несреќа во која загинаа 71 луѓе кога авионот кој го носеше бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе во Меделјин, Колумбија падна во близината на градот.

Бразилскиот клуб беше речиси уништен, но потоа стигна до победа во дуелот од Копа Либертадорес три месеци подоцна, со двајца од преживеаните – дефанзивецот Нето и крилото Алан Рушел именувани во тимот.

Фолман немаше толку среќа – тој ја загуби ногата при падот и мораше да оди на повеќемесечна рехабилитација. 25-годишниот Бразилец мораше да се повлече од професионалниот фудбал, но сега тимот објави дека голманот одработил прва целосна тренинг сесија со помош на протетичка нога. Фолман неодамна најави дека сака да го претставува Бразил на параолимписко ниво.

Шапе, од друга страна, го обезбеди опстанокот во бразилската елита, и во моментов на три меча пред крајот на сезоната се на деветтото место на табелата.

Scroll to Top