Top Sport

Голманот на СПАЛ за неколку секунди доби два жолти картони (Видео)

Голманот на СПАЛ, Вања Милинковиќ-Савиќ направи глупост што ретко се гледа на фудбалските терени. Тој успеа во неколку секунди да добие два жолти картони на натпреварот против Рома во Рим.

Несватливата реакција на Милинковиќ-Савиќ сепак не ја почувствува СПАЛ, бидејќи овој тим успеа да забележи сензационална победа над Рома.

https://twitter.com/foetball247/status/1053656186694852609

Српскиот голман во 75.минута доби опонема и жолт картон од главниот судија бидејќи се обидуваше да „украде“ од времето. Откако доби жол картон, следува негова неразбирлива реакција, најпрвин нервозно ја фрлитопката, а птооа и нешто гестикулираше кај судијата.

Откако главниот арбитар се консултирше со помошниците на голманот му го покажа патот кон соблекувалната.

Оваа глупост на Вања Милинковиќ-Савиќ мина без последици за СПАЛ. Овој тим со головите на Петања од пенал во 38. и Бонифаци во 58.минута забележа победа од 2:0.

Инаку голманот на СПАЛ е брат на ѕвездата на Лацио Сергеј Милионковиќ-Савиќ.

Scroll to Top