Top Sport

Голманот на Звезда: Ќе го победиме Милан!

Капитенот на белградска Црвена Звезда, голманот Милан Борјан верува дека „црвено-белите“ можат да излезат на крај со калчолигашот Милан, па дури и да го победат во нокаут фазата во Лига Европа.

„Проверив поединци, баш и не веруваат дека Звезда може да ги помине Италијанците. Тие не веруваат, јас верувам“ вели Борјан.

Тој објасни за српските медиуми и зошто е толку оптимистичен во дуелот со второпласираниот тим во Серија А.

„Звезда е голема, сложна фамилија, нашата соблекувална, нашето дружење, нашиот евидентен квалитет и нашата верба се залог. Дејан Станковиќ често не советува `Верувајте, верувајте како што јас верувам`. Го следиме шефот, му веруваме, никогаш не се откажуваме, подготвени сме да дадеме се за клубот кој ни е во срцето и чиј дрес со гордост го носиме“ вели Борјан.

Тој вели дека ги следи партиите на „Росонерите“ сезонава и свесен е дека „црвено-црните“ ќе сакаат да го поправат впечатокот од последниот дуел со Специја.

„Знам дека доживеаја шокантен пораз од Специја, знам и дека во следното коло им следува Интер, ништо повеќе од тоа. Не ме интересира ништо повеќе тоа, таков сум, не сакам да се менувам ни кога е Милан во прашање“ – вели голманот на Звезда.

Првиот меч од 16-финалето во Белград се игра утре од 18.45 часот.

Scroll to Top