Претставници на Манчестер сити, предводени од менаџерот Пеп Гвардиола, на „Ноу Камп“, за да го испратат во пензија Серхио Агуеро. Аргентинецот, поради здравствени проблеми, стави карај на кариерата.
Агуеро, во пензија замина како најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити. Аргентинецот одигра 390 натпревари, постигна 260 голови за „граѓаните“.
Легендата на Сити е стрелец на најзначајниот гол во клупската историја, голот со кој во 94.минута, на клубот му ја донесе првата шампионската титула по пауза од 44 години.
На 13.мај 2012 година, Агуеро погоди за предност од 3:2 против Квинс Парк Ренџерс. на 40 секунди до истекот на натпреварот Сити ја освои првата од петте титули во последната деценија.