Синоќа во Лондон, ФИФА ги подели наградите за најдобрите во минатата сезона. Помалку или повеќе имињата на повеќето лауреати беа познати и пред самата церемонија. Изненадување претставува победникот во категоријата за најубав гол. Наградата „Пушкаш“ замина кај Мохамед Салах.
Злобниците ќе речат дека тоа е утешна награда за Египќанецот, кој иако беше кандидат за играч на годината, на крајот не успеа да се најде ниту во тимот на годината.
Најмногу луѓе гласале за голот кој Салах ја доби наградата е постигнат против Евертон, но тој успеа да победи во конкуренција на головите на Кристијано Роналдо и Герет Бејл, односно нивните голови со ножички.
Комерцијата секогаш си го прави своето, па така и во изборот за голот на годината никој не се сети на номинираниот Рили Мекгреј. Можеби „шкорпионот“ на овој фудбалер ја заслужи наградата за гол на годината?