Top Sport

Голот на Пике е случаен, акцијата не била вежбана (Видео)

Барселона со победата во Ајндховен, против ПСВ (2:1), го потврди првото место во својата група во Лигата на шампионите. Меси го постигна првиот, а потоа му го намести вториот гол на Пике.

Токму вториот гол предизвика полемики, акцијата (асистенцијата на Меси и реакцијата на Пике) се доведени до совршенство. Пике по мечот изјавил дека целата акција била вежбана на тренинзите, но Меси ја разоткрил лагата на соиграчот.

„Извежбана акција? Тоа е лага! Едноставно многу лошо го изведов слободниот удар, а Пике случајно се најде таму. Имавме среќа“, рекол Аргентинецот.

Голот што Меси го постигна против ПСВ, беше 106. во неговата кариера во Лигата на шампионите. Аргентинецот стана играчот со најмногу постигнати голови за еден тим во елитното натпреварување.

Scroll to Top