Виљареал, синоќа, триумфално го мина тешкото гостување на „Сан Мамес“ во Билбао, а денешна тема во шпанските медиуми е голот што го постигна Пабло Форналс. До крајот, играчите на Виљареал постигнаа уште два гола и со 3:0 славеа против Атлетик.
Во 66.минута, од речиси40 метри, Форналс испрати совршена парабола, а топката заврши зад грбот на 19-годишниот голман на Атлетик, Унаи Симон.
„Уметничко дело“, „чудо што не може да биде сопрено“, „еден од најубавите голови во историјата на Сан Мамес“, се само дел од насловите во шпанските медиуми.
Виљареал по првите шест кола има по два победи, нерешени и порази, додека Атлетико го доживеа првиот пораз во сезоната.