Јужноамериканските коментатори никогаш не ја кријат својата љубов кон работата, но ретко кој го прави тоа како Хавиер Фернандез, колумбискиот радио коментатор, кој двапати го сруши својот рекорд во Русија.
Кога Јери Мина го постигна голот за 1:0 победа над Сенегал, со која „Лос кафетерос“ се пласираа во осминафиналето, Фернандез славниот извик „гол“ успеа да го „развлече“ на неверојатни 27 секунди. Почетокот на славјето е по 30 секунди во видеото.
Овие 27 секунди го подобруваат претходниот рекорд на Фернандез, откако тој извикуваше гол 22 секунди откако Радамел Фалкао го постигна вториот гол против Полска во претходниот меч. Што ли ќе се случи ако Колумбијците ја победат Англија, оставаме на имагинацијата.