Top Sport

Горецка е играч на Баерн

Најдобриот фудбалер на Шалке, Леон Горецка, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во минхенски Баерн без обесштетување, потврди директорот на клубот Кристијан Хејдел.

Горецка веќе ги минал лекарските прегледи во Минхен и потпишал преддоговор со германскиот шампион. Договорот ќе започне да важи од 1.јули.

„Леон оваа недела не извести дека ќе оди во Баерн. Жал ние што донесе таква одлука. Дури и директорот на Баерн ни потврди дека Горецка ги минал лекарските прегледи. Останавме без одличен играч иако сторивме се што е во наша моќ за да го задржиме. Сепак не сме изненадени, бевме подготвени на вакво сценарио“, рекол Хејдел за клупскиот сајт.

Баерн во трката за потписот на 23-годишниот фудбалер ги победи Арсенал, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Барселона и Јувнетус.

Горецка во минатото го носеше дресот на Бохум, потоа се пресели во Шалке каде ја игра петтата сезона.

Scroll to Top