Top Sport

Горецка не сака во Јунајтед: Пресреќен сум во Баерн

Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка стави крај на сите шпекулации за трансфер во Манчестер јунајтед, искажувајќи ја својата љубов кон баварскиот клуб.

„Не сакам да заминам, го сакам овој клуб, ги сакам овие фанови, го сакам овој град. Подготвен сум да работам пред новата сезона и да освојуваме титули“, изјави Горецка за „Скај спортс Германија“.

Англиските медиуми тврдеа дека Ерик Тен Хаг го сака Горецка како засилување ова лето, но тој очигледно има план да се вклопи во новиот соств на Томас Тухел.

Scroll to Top