Top Sport

Говорот на Зидан пред мечот со Челси

Фудбалерите на реал Мадрид, вечерва во Лондон, ќе се обидат да се пласираат во финалето во Лигата на шампиони. За да ја остварат целта, фудбалерите на Реал треба да победат или да одиграат нерешено со повеќе од еден постигнат гол.

Зинедин Зидан, со своите фудбалери, синоќа го одработи последниот тренинг пред натпреварот. Камерите на „Ел Чирингито“, сниле како Зидан ги мотивира своите фудбалери пред решавачкиот натпревар.

„Ќе бидат многу, многу агресивни. Ова мора да го имате на ум, земете ја топката, играјте, уживајте во топката, таа не донесе овде. Секогаш. Тоа е Реал“.

Scroll to Top