Манчестер сити речиси сигурно нема да бидат активни на трансфер-пазарот, во јануарскиот преоден рок. Клубот ги чувствува финансиските последици од пандемијата со коронавирусот.
Манчестер сити, во 13 натпревари во Премиер лигата, имаат постигнато 19 голови, што е под нивните стандарди. Новинарите го прашале Гвардиола дали ќе бара засилување во нападот?
„Не, мислам дека нема да барама напаѓач, економската ситуација во светот е лоша. Сите клубови имаат проблеми, не само ние“, рекол Гвардиола.
Сити со натпревар помалку од Ливерпул, се наоѓа на седмото место на табелата, со осум поени помалку од „црвените“.