Управата на Манчестер Сити одбила понуда од 80 милиони евра од Баерн Минхен за германскиот репрезентативец, Лирој Сане, пренесува британски „Гардијан“.
Баварците по заминувањето на Арјен Робен и Франк Рибери имаат простор за нов крилен играч, но Пеп Гвардиола не сака ниту да слушне да го продаде „ефтино“ играчот, кој во финишот на сезоната во Премиерлигата повеќе беше на клупа отколку на терен.
„Му понудивме продолжување на договорот, сакаме да остане во клубот“ – изјави Гвардиола.
Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге минатата недела изјави дека ќе се обидат да го ангажираат Сане.
„Ние ќе се обидеме, но не можам да ветам дека ќе успееме. Во плановите го имавме уште додека играше за Шалке, но тогаш немавме загарантирана стартна позиција за него. Пред 3 години, Робен и Рибери беа главни“ – рече Румениге.
Сане сезонава одигра 31 натпревар во Премиерлигата, од кои 21-пат беше стартер. Постигна 10 гола.