Победата на Наполи и однесувањето на Џанлуиџи Буфон се тема на денот во Италија и Европа.
Наполи синоќа победи во Торино 1:0 и ја врати незивесноста во шампионската трка. Наполитанците на бод негатива од актуелниот првак ги донесе Кулибали со голот постигнат во последната минута.
До крајот на првенството Јувентус ќе мора да победи на сите четири натпревари доколку сака да стигне до седмата титула во низа.
Буфон, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, по натпреварот уште еднаш ја покажа дека е спортска величина откако на секој играч на Наполи му ја честиташе победата.