Top Sport

„Гранде“! Пандев со 99. гол во Серија А!

Горан Пандев уште еднаш покажа дека едноставно е „вечен“ откако постигна гол за неговата Џенова во дуелот од Серија А со Беневенто, израмнувајќи на 1:1, иако бргу подоцна неговиот тим повторно имаше негатива.

По само пет минути Никола Виола донесе 0:1 водство за Беневенто со удар од белата точка, но само шест минути подоцна, Пандев успеа од близина да го совлада противничкиот голман за 1:1. За жал, само четири минути подоцна, поранешниот фудбалер на Џенова, Џанлука Лападула пак ги носи гостите во водство.

 

Scroll to Top