Top Sport

Грант: Јас да бев четврти со Челси, Абрамович ќе ме пратеше во Сибир

Поранешниот тренер на Челси, Аврам Грант на шега вели дека газдата Роман Абрамович ќе го прател во Сибир доколку слично како сегашниот тренер Френк Лампард сезоната ја завршеле на четвртото место.

Челси со 2:0 ги победи Вулверхемптон во последното коло за да осигура пласман во Лигата на шампионите, но тие завршија на четвртото место зад Манчестер јунајтед, кои ги претекнаа во последните две кола.

Во својата единствена сезона на чело на Челси во 2007/08, Грант ги предводеше „сините“ до второто место во Премиер лигата, а исто така загубија од Тотенхем во Лига купот и од Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на шампиони на пенали. Грант потоа доби отказ.

„Мислам дека ова е добра сезона за Челси, посебно по лошиот старт и без можност да се купуваат фудбалери. Сепак, во споредба со барањата на Роман Абрамович, тоа е ништо. Да му кажев пред 12 години дека четвртото место би било добро за нас, тој најверојатно ќе ме пратеше во Сибир. Сепак, за Френк ова е големо остварување во неговата прва сезона како тренер во Премиер лигата. Тој има вистински менталитет и како фудбалер секогаш беше лидер и имаше мислење за фудбалот. Во мојот тим имаше многу лидери. Мислев дека Михаел Балак ќе биде добар тренер, исто како и Дидие Дрогба и Џон Тери“, вели Грант.

Scroll to Top