Top Sport

Гравина го менува системот, Серија А со плејоф?

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија Габриеле Гравина открил дека размислува за промени во системот на натпреварување во Серија А. Првиот човек на италијанскиот фудбал смета дека опаѓа интересот за Серија а поради што работи на новиот проект кој подразбира промени во форматот на натпреварување.

„Ги разгледувам опциите првенството да биде поделено во три фази и на крајот најдобрите осум клуба да се борат за титулата“, рекол Гравина.

„Луѓето стравуваат дека плејофот би можел да ги „казни“ клубовите кои по навика победуваат и многу вложуваат. Но тоа нема да биде така доколку направите првенство кое ќе биде интересно за гледање секој ден. Ние сега ризикуваме да ги изгубиме гледаите на трибините, бидејќи во некој фази резултатите не се важни, бидејќи тимовите обезбедиле опстанок или нешто слично. Во тој момент не е важно кој победува, што значи дека се губи смисолот“.

Титулата во Серија А во последните девет години ја освојуваат фудбалерите на Јувентус.

Scroll to Top