Top Sport

Грилиш: ВАР ќе го уништи нашиот спорт

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, остро ја критикувал употребата на ВАР-технологијата, по синоќешниот натпревар во Лондон, против Вест Хем.

Вест Хем ја совлада Астон Вила со 2:1. На екипата, која на теренот ја предводи Грилиш, во финишот на мечот и беше поништен гол.

„И претходно сум кажувал што мислам за ВАР-технологијата, ова што сега се случи е срамно. Некои одлуки се закануваат да го уништат нашиот спорт“, напишал Грилиш на „Твитер“.

Против одлуката на технологијата е и менаџерот на Астон Вила, Дин Смит.

„Не реалзииравме пенал и поништен ни е гол бидејќи Воткинс беше во офсајд со дел од телото со кој не може да биде постигнат гол. Единствената причина што раката на Воткинс беше во офсајд е што тој беше фаулиран. Таа ситуација требаше да биде гол или пенал. Меѓутоа се е веќе видено, ние не можеме ништо да направиме“, заклучил Смит.

 

Scroll to Top