Џек Грилиш вели дека напуштањето на својот клуб од детството, Астон вила, му паднало исто толку тешко како што и на Лионел Меси му беше тешко вчера да се прости со навивачите на Барселона.
Грилиш официјално потпиша за Манчестер сити во четвртокот, заминувајќи од Астон вила по две децении, додека Меси вчера се прости со Барселона и Грилиш ги разбира солзите на Аргентинецот.
„Беше многу тешко. Знам дека сите зборуваа за тоа и претходно, но кога требаше се вратив на тренинзи. Знаев дека можеби ќе одам. Сите го забележаа Меси колку беше емотивен, исто така се чувствував и јас. Пред да заминам зборував со тимот и со тренерите и мене ми дојдоа солзи на очите. Но, дојде времето да одам. Сите знаат колку сакам да играм во Лигата на шампионите, а Манчестер сити е клуб со голем потенцијал и е најуспешниот англиски тим во последната деценија. Јас сум фан на Вила од мојата четврта година, како и целото мое семејство. Во клубот дојдов кога имав шест години. Секогаш ќе постои љубовта кон клубот“, вели Грилиш.