Мејсон Гринвуд застана рамо до рамо со легендите на Манчестер Јунајтед: Џорџ Бест, Брајан Кид и Вејн Руни. Четворицата како тинејџери успеале во една сезона да постигнат 17 голови за „црвените ѓаволи“. Гринвуд во последното коло ќе има можност да се искачи на врвот на оваа листа.
Мејсон Гринвуд има 18 години, стручњаците му предвидуваат блескава иднина.
Тинејџерот против Вест Хем постигна гол во 51 минута. Сезонава во Премиер лигата постигна 10 гола, 17 во сите конкуренции.