Top Sport

Гризман и Атлетико ја понижија Севилја (видео)

Атлетико Мадрид стигна до импресивна 2:5 победа на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“, нанесувајќи му уште еден незгоден пораз на Севилја по ангажирањето на Винченцо Монтела како главен тренер.

Ако ремито без голови со Манчестер јунајтед во првиот меч од осминафиналето на ЛШ ги подгреа надежите на навивачите на Севилја дека кризата е минато, тешкиот пораз од „јорганџиите“ секако ќе ги освести.

Диего Коста и Антоан Гризман погодија двапати во првото полувреме, пред во второто Гризман да го комплетира хет-трикот, а Коке да додаде уште еден гол, за во еден момент Атлетико да има 0:5 предност. Сарабија и Нолито во последните 10 минути некако го ублажија тешкиот пораз.

Атлетико останува второпласиран во Ла лига со 58 поени, само седум зад Барселона, додека Севилја е на шестото место со 39 поени.

Scroll to Top