Top Sport

Гризман донесе драматична победа за Атлетико кај Валјадолид (видео)

Антоан Гризман постигна два гола и имаше една асистенција за да помогне Атлетико Мадрид да стигне до тешко извојувана 3:2 победа на гости кај Реал Валјадолид во 16. коло во Ла лига.

Гризман прво во 26. минута му асистираше на Никола Калиниќ да го постигне првиот гол во дресот на „јорганџиите“, за во последната минута од првото полувреме да зголеми на 0:2 со удар од белата точка.

Но, мечот беше далеку од решен. Домаќините прво во 57. минута од мечот намалија на 1:2 преку Фернандо Калеро, за во 63. минута, Саул да си постигне гол за израмнување на 2:2. Сепак, Гризман уште еднаш покажа колку е клучен фудбалер за тимот на Диего Симеоне, кога во 80. минута беше најснаодлив во мешаницата пред шестнаесетникот на домаќините за голема победа.

Со триумфот Атлетико се израмни на 31 поени со водечката Барселона, но со послаба гол-разлика и со натпревар повеќе.

Фото: ЕПА

ЛА ЛИГА, 16. КОЛО

Валјадолид – Атлетико Мадрид 2:3

Хетафе – Реал Сосиедад 1:0

Scroll to Top