Антоан Гризман легендата на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, изненади со изборот на новите копачки. Во последната деценија, Гризман заедно со Усеин Болт и Нејмар беше заштитно лице на Пума.
Откако ја прекина соработката со германскиот бренд, од почетокот на сезоната носеше црни копачки без ознаки, што беше сигнал дека преговара со нов технички спонзор.
Судејќи по марката на копачките шти ги носеше во мадридското дерби, тој го одбрал брендот со кој ќе соработува во иднина.
Кипста е бренд специјализиран за фудбал во рамките на Декатолон. Ова е изненадување бидејќи француската компанија досега немала ѕвезди како модели.
До неодамна, Декатлон беше познат по продажбата на спортски и рекреативни производи по пристапни цени. Покрај тоа, тој беше фокусиран на почетници и рекреативци, а не на професионални спортисти. Сепак, се чини дека тоа се менува бидејќи топката на оваа компанија е официјална за натпреварите во Лига Европа и Конференциската лига.
Спонзорира и некои од најдобрите футсал и падел играчи, а преку Гаел Монфис се вклучи и во тенисот. Сепак, Гризман е неговото најголемо засилување.
Интересно ѕвездата, која заработува 240 илјади евра неделно, игра во копачки кои чинат 65 евра на веб-страницата на споменатата компанија. Станува збор за моделот Кипста ЦЛР.
Значи, ова се неспоредливо поевтини копачки од оние што ги нуди конкуренцијата, а ги носат соиграчите на Гризман. Хулијан Алварез, на пример, има копачки кои чинат четири пати повеќе, над 250 евра.