Ривалството во Мадрид станува „жешко“. Антоан Гризман по победата на Атлетико од 4:2 во продолженијата над Реал Мадрид за титула од Суперкупот на УЕФА, реши да се пошегува со ривалите од другата страна на градот.
Гризман, кој по победата изјави дека „ја направил вистинската одлука“ кога реши да ги одбие Барселона и да остане во Атлетико, не издржа и постираше на Инстаграм монтажа на која капитенот на Реал, Серхио Рамос го крунисува!