Антоан Гризман го продолжи голгетерскиот пост и на натпреварот против Селта. Барселона со хет-трикот на Лео Меси, во саботата, победи 4:1, а францускиот репрезентативец поради лошата игра беше заменет во 73 минута.
Барселона летово ја активираше откупната клаузула во договорот на Гризман, очекувајќи дека тој со Меси и Суарез ќе формира пеколно напаѓачко трио. Меѓутоа тој никако не може да се најде себе си во новиот тим, а мечот против Селта беше петтиот во низа на кој не постигна гол.
На сите им е јасно дека Гризман никако не може на теренот да најде „заеднички јазик“ со Меси. Против Селта за 73 минути имал само 21 додавање.
За споредба неговата замена Усман Дембеле за 20 минути имал 43 додавања до соиграчите.
Минатата сезона, во овој период, Гризман во Атлетико имал 595 додавања, в Барселона е на 529, а постигнал и шест гола, два повеќе од она што сега го има на своето конто.
Во Барселона се надеваат дека Гризман ќе се врати во форма во текот на репрезентативната пауза бидејќи потоа тимот го очекуваат неколку тешки натпревари со Борусија, Атлетико, Интер и Реал.