Барселона синоќа во дербиот на колот не успеа да ја победи Севилја. Натпреварот на „Ноу Камп“ заврши без победник 1:1.
По натпреварот, на прес-конференцијата, тренерот на Барселона Роналд Куман го означил Антоан Гризман како еден од виновниците што тимот не успеал да победи.
„Имаше две шанси и поради квалитетот што го поседува мораше да постигне барем еден гол. Мораше“, рекол Куман, а потоа објаснил зошто на претходниот натпревар во Виго, против Селат, го заменил Гризман на полувремето.
„Тоа беше тактичка промена. Останавме со фудбалер помалку на теренот. Решив да го оставам на теренот Ансу Фати кој ни носи поголема брзина и пробивност во нападот“.
Барселона во три натпревари во Ла Лига има постигнато осум гола, Гризмн не учествувал во ниту еден од нив. Францускиот репрезентативец не блескаше ниту минатата сезона, на 48 натпреари во сите конкуренции постигнал 15 голови и забележал четири асистенции.