Антоан Гризман приреди мало „шоу“ пред да одлучи да остане во Атлетико Мадрид и да потпише долгогодишен договор, преку специјален документарец со наслов „одлука“, кога многумина сметаа дека тој ќе го направи богатиот трансфер во Барселона.
Сега, во интервју со францускиот весник „Л’Екип“, Гризман ги открива мотивите зошто останал во тимот на Диего Симеоне.
„Кога дома те сакаат, не одиш на друго место. Во Атлетико направија сѐ што е можно да се чувствувам подобро, вклучувајќи носење на важни засилувања и градење на силен тим. Сепак, тешко е да се каже не на клуб како Барса. Но, базата, најосновните работи кои го градат еден тим, тоа ме натера да останам“, изјави Гризман.