Top Sport

Гризман: Куртоа мисли дека Челси игра како Барселона

Антоан Гризман остро му одговори на белгискиот голман Тибо Куртоа, кој го критикуваше начинот на кој што Франција влезе во финалето на Светското првенство. Франција, во полу-финалето, ја победи Белгија со 1:0, со голот на Самјуел Умтити.

Полу-финалето, не беше интересно, а иако Белгија го имаше поседот на топка, Франција во целост го контролираше мечот. Белгијците во ниту еден момент не најде решение за дефанзивниот блок на Французите.

По поразот во полу-финалето Куртоа изјавил дека „победил анти-фудбалот“.

„Куртоа играше за Атлетико и со тој тим беше шампион на Шпанија. Дали Тибо Куртоа мисли дека Челси игра како Барселона? Не ме интересира како, само сакам да ја ставам таа втора ѕвезда над нашиот грб на дресот. Тое го посакувам“, рекол Гризман на денешната прес конференција во Москва.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, на новинарите им порачал дека воопшто не го интересира „Златната топка“.

„Дали ќе ја земам „Златната топка“ или не тоа искрено воопшто не ме интересира. Сакам да го освојам Светскиот куп и доколку сакаме да го направиме тоа ќе мора да го дадеме својот максимум. Сонував како дете за Светскиот куп и ќе сторам се што е во моја моќ за да го подигнеме трофејот“, дополнил Гризман.

Франција и Хрватска за светската титула ќе се борат в недела од 17 часот, на „Лужники“ стадионот во Москва.

Scroll to Top