Top Sport

Гризман на местото на Роналдо во Јувентус?

Италијанските и шпанските медиуми наголемо пишуваат дека ова лето францускиот репрезентативец, Антоан Гризман може да го замени Кристијано Роналдо во редовите на „Старата дама“.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Барса летово ќе ја реконструира екипата, а еден од играчите од кои претседателот Лапорта сака да се ослободи е токму Французинот.

Новинарите пишуваат дека ново одредиште на напаѓачот може да е Јувентус, посебно ако Португалецот си отиде од Торино летово.

Гризман во Барса дојде во 2019 година од Атлетико за 120 милиони евра. На 70 средби за Каталонците постигна 21 гол.
Последните недели се погласно се шпекулира дека CR7 ќе си оди од тимот на Пирло, посебно ако Јуве не игра во ЛШ идната сезона.

Португалскиот ас има уште една година од договорот со Јувентус.

Scroll to Top