Top Sport

Гризман: Најтежок противник ми бил Де Јонг, а најдобри се Меси и Роналдо

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, открил против кој му бил најтежкиот противник на теренот. Тој открил дека идеален партнер во нападот му бил Диего Коста, а за Меси и Роналдо рекол дека се „најдобрите играчи на сите времиња“.

„Против кого ми било најтешко на теренот? Би рекол дека тоа е Френки Де Јонг. Поради тоа што се обидував да го притиснам, а не успевав да го направам тоа“, изјавил Гризман.

Напаѓачот на Атлетико со младата ѕвезда на Ајакс играше во Лигата на Нации во дуелите на Франција и Холандија.

Де Јонг, во зимскиот преоден рок за 75 милиони евра го договори трансферот во Барселона. Тој на „Ноу Камп“ ќе се пресели по завршувањето на сезоната.

„Најдобрите играчи на сите времиња се Кристијано Роналдо и Лионел Меси“, без размислување одговорил францускиот ас, откривајќи дека Диего Коста е најдобриот фудбалер со кого ја делел соблекувалната, бидејќи одлично се разбирале на теренот.

Најдобар дефанзивец против кого играл е Пепе, поранешниот играч на Реал Мадрид, сега член на Порто.

Scroll to Top