Top Sport

Гризман не бил среќен што е ограничен на половина час игра

Антоан Гризман одигра само 82 минути во три мечеви во Ла лига во новата сезона, откако Атлетико Мадрид очигледно не се подготвени да платат 40 милиони евра за да го добијат неговиот постојан потпис следното лето.

Клаузулата во договорот за позајмица на Французинот вели дека Атлетико ќе мораат да го комплетираат трансферот ако тој игра 45 минити во 50 отсто од мечевите во кои е достапен. Според шпанскиот веник „Марка“, Гризман е апсолутно незадоволен од ситуацијата бидејќи не се врати во Атлетико за да игра по половина час, по што неговите агенти ќе се обидат да ја убедат Барселона да ја „спушти“ цената за да може да има договор со Атлетико.

Scroll to Top