Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, поговорил за дилемите со кои се соочувал околу можниот трансфер во Барселона. Францускиот репрезентативец беше на чекор до Барселона, но непосредно пред почетокот на Светското првенство реши да остане во Мадрид.
Гризмна открил дека барал помош од родителите и сопругата за да му помогнат околу донесувањето на одлуката, за на крајот целиот товар да падне врз него.
„Во одредени моменти не ми беше добро. Разговарав со сопругата, ја будев во три часот наутро за да ја прашам што треба да направам. Разговарав со неа, но не успеа да ми помогне, бидејќи не можеше да знае што ми поминува низ главата. Истото беше и со моите родители. Некои роднини сакаа да одам во Барселона, некои не…беше многу тешко“, рекол Гризман за „Телефут“.
Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра.
Не крие дека тешко било да ја донесе одлуката да остане во Атлетико. Соиграчите, челниците на клубот и навивачите, константно го убедувале дека треба да остане на „Ванда Метрополитано“.
„Сите ме баа да ме прашаат како сум, за што размислувам. Секогаш ми говореа: ‘Сакаме да останеш, ќе сториме се што сакаш. Подготвени сме на се’. Тоа допре до мене“, рекол Гризман.
Францускиот репрезентативец во изминатиов период ги свои Лига Европа и Суперкупот на УЕФА со клубот и светското првенство со Франција.