Барселона, во летниот преоден рок ќе ангажира напаѓач, кој во блиската иднина ќе го наследи во тимот Луис Суарез.
Според медиумите во Каталонија, изборот бил српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт Лука Јовиќ, кој е помлад и за кого клубот ќе издвои помалку пари, отколку за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Скаути на Барселона, оваа сезона 16 пати го гледале Јовиќ, а последен пат тоа се случило минатата недела, кога тој го постигна единствениот гол за својот тим против Интер во Лига Европа.
Се шпекулира дека пред мечот со Интер, челниците на Барселона оствариле и средба со менаџерот на Јовиќ.
Доколку, двете страни постигнат договор, Барселона ќе издвои околу 60 милиони евра за трансферот.
Според медиумите, Јовиќ, прифатил наредната сезона да му биде резерва на Луси Суарез чие место во првиот тим би го заземал од сезоната 2020/2021.
Голем интерес за српскиот репрезентативец наводно имало и кај Манестер сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид.