„Се чувствувам добро сега кога стигнав во Барселона“, рекол меѓу другото Антоан Гризман во интервју за „Марка“.
Францускиот напаѓач пред неколку дена го официјализираше трансферот во Барселона вреден 120 милиони евра.
„Имаше многу стрес на крајот кога требаше да се финализира договорот, но кога се заврши се што сакав е да го прекина одморот и да го започна следниот предизвик. Кога целата работа беше завршена му се јавив на мојот татко и заплакав од среќа. Почувствував олеснување“, рекол Гризман.
„Знам дека ќе ме исвиркаат кога ќе играм на ‘Ванда’, но тоа е дел од фудбалот. Истото ми се случи кога со Атлетико играв против Реал Сосиедад. Сепак во моето срце секогаш ќе има место за Сосиедад и Атлетико“, рекол Гризман.