Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман признава дека била „тешко да се свари“ одлуката на францускиот селектор Дидие Дешам да му ја додели капитенската лента на Килијан Мбапе.
Гризман беше фаворит да го наследи голманот Иго Љорис на капитенското место, по неговата одлука да се повлече од репрезентацијата, но наместо тоа Мбапе стана капитен. Француските медиуми тврдеа дека Гризман бил блиску до повлекување од репрезентацијата поради ова, и Гризман сега признава дека не му било сеедно.
„Тоа беше тешко да се прифати. Имам 32 години, и иако уште имам нозе за играње, знам дека доаѓам до крајот на мојата кариера. Беше тешко да се свари еден или два дена. Но, сега, сум целосно зад капитенот Килијан. Нема да сменам ништо, бидејќи тоа е мојот карактер“, вели Гризман за „Телефут“.