Top Sport

Гризман со оваа реакција го воодушеви светот (Видео)

Атлетико Мадрид, во средата, го победи Монако 2:0 и го потврди пласманот во осмина-финалето во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ лесно се справија со Монако со два гола во првите 24 минути (Коке, Гризман).

foto: epa

Интересно, централниот настан на „Ванда Метрополитано“ се случи пред почетокот на мечот, во моментот кога се интонираше химната на Лигата на шампионите. Во главните улоги беа ѕвездата на Атлетико, Антоан Гризман и едно анонимно момче, кое според протоколот стоеше до напаѓачот.

Додека се интонираше химната камерите го „уловија“ Гризман како му ја врзува врвката на патиката на момчето кое сето тоа го следи со голема насмевка на лицето.

Снимката што ја покажува човечката големина на Гризман набргу стана хит на социјалните мрежи.

Scroll to Top