Top Sport

Гризман со свирежи пречекан на „Ванда Метрополитано“

Антоан Гризман, во последните минути од преодниот рок се врати во Атлетико Мадрид. Францускиот ас и покрај молбите на навивачите, во 2019 година, замина во Барселона. Уште тогаш голем број на фановите му порачаа дека во Атлетико е легенда, а дека во Барселона ќе биде само еден од играчите.

Гризман, дебитираше за Атлетико, во неделата против Еспањол во Барселона. Дебито пред домашните навивачи го имаше синоќа, во Лигата на шампионите против Порто. Напаѓачот започна како резерва, на теренот влезе во 56.минута, на местото на Жоао Феликс.

Дел од навивачите се уште не му го постиле предавството од пред две години, го пречекаа со свирежи.

„Се надевам дека со своите настапи ќе им возврати критичарите. Предизвик за него за него мора да биде да ја врати довербата на навивачите, поради она што се случи во минатото“, рекол тренерот Диего Симеоне.

Scroll to Top