Top Sport

Гризман: Срам за ФИФА е што нема Французи меѓу најдобрите

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, Антоан Гризман, смета дека е скандалозно што меѓу кандидатите за најдобар играч во светот нема ниту еден играч од Франција.

ФИФА, неодамна соопшти дека за „Златната топка“ ќе се борат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.

Меѓу кандидатите го нема Лионел Меси, но за разлика од Гризман, Аргентинецот не се огласи во јавноста откако беа објавени номинациите.

„Веќе кажав дека срамна е одлуката на ФИФА што меѓу најдобрите тројца нема ниту еден Французин. Ние сме светски шампиони“, рекол Гризман, потенцирајќи дека не може да се нервира за работа на која не може да влијае.

„Мене тоа ми е чудно, а ФИФА треба да се засрамни. Ние ќе се фокусираме само на работите што се случуваат на теренот“, истакнал најдобриот играч во финалето на СП, во кое Франција со 4:2 ја победи Хрватска.

Scroll to Top