Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Антоан Гризман уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера и покрај тоа што дел шпански медиуми објавија дека тој веќе се обврзал да остане во Атлетико Мадрид.
„Сагата“ околу францускиот напаѓач трае предолго, откако Барселона повторно го почна „ловот“ по него откако претходно имаа џентлменски договор со Атлетико да не му приоѓаат до крајот на сезоната.
„Антоан уште не го знае својот клуб. Спротивно на тоа што се вели во последните месеци, тој нема пред-договор со Барселона и никому не му се обврзал“, вели пријател на Гризман за францускиот весник.
Според овој извор, одлуката за трансфер сигурно нема да се направи до крајот на Светското првенство во Русија, каде што со Франција очекува добар пласман. Уште една трансфер-сага на каталонскиот тим без јасен датум за потврда.