Top Sport

Гризман: Заслужив да бидам во изборот за играч на годината

Антоан Гризман не е задоволен од одлуката на ФИФА дека нема да биде во изборот за најдобар играч во светот.

ФИФА, објави дека за престижната награда, во конкуренција се Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ.

Прв пат по цели 12 години во најтесниот избор го нема ниту Лионел Меси, кој ја предводеше Барселона до двете домашни титули минатата сезона.

Забележливо е дека меѓу тројцата што ги избра ФИФА нема ниту еден репрезентативец на светскиот првак Франција.

foto: epa

Гризман, го предводеше Атлетико до титулата во Лига Европа, потоа го освои УЕФА Суперкупот, а беше и еден од клучните играчи на селекцијата што стана светски првак. Неговиот соиграч од националниот тим Рафаел Варан е единствениот фудбалер во моментов што е клупски и светски првак.

„Заслужив да бидам во Топ 3: Пред две години бев поразен во два финални натпревари и бев во конкуренцијата. Обаа година победив во три финалиња и не сум во таа конкуренција. Чудно е што ФИФА не награди со мундијалскиот пехар, а во изборот нема ниту еден наш фудбалер. Навистина делува изненадувачки“, рекол Гризман.

Scroll to Top