Top Sport

Гризман „збесна“, Атлетико со шеста победа во низа (видео)

Антоан Гризман уште еднаш покажа зошто за него се заинтересирани гигантите Барселона и Манчестер јунајтед, откако постигна фантастични четири гола за Атлетико Мадрид да ги „прегази“ Леганес и да остане конкурент за шпанската титула.

Французинот стрелаше двапати во првото полувреме и уште двапати во второто за импресивен учинок една недела откако каталонските весници јавно објавија дека тој веќе е играч на Барселона по „давање на зелено светло“ од сегашните ѕвезди на каталонскиот клуб. Уште поимпресивно, на последните два меча, Гризман има постигнато седум голови, откако претходно им даде хет-трик на Севилја.

Што и да се случи во иднина, Гризман може да се покаже како клучен играч на „јорганџиите“ оваа сезона, откако со шестата победа во низа, Атлетико се доближи на само четири поени од Барселона (која, сепак има натпревар помалку), и се одвои на 10 поени од градските ривали Реал Мадрид на третото место, откако претходно Валенсија одигра само 1:1 на гости кај Атлетик.

ЛА ЛИГА, 26.КОЛО

Атлетик Билбао – Валенсија 1:1

Хетафе – Депортиво Ла Коруња 3:0

Малага – Севилја 0:1

Атлетико Мадрид – Леганес 4:0

Еибар – Вилјареал 1:0

Scroll to Top