Top Sport

Гризман: „Златната топка“ само не кај Меси или Роналдо

Антоан Гризман побара славната награда „Златна топка“ на „Франс фудбал“ да биде доделена на член на шампионската француска репрезентација, а не на Кристијано Роналдо, Лионел Меси или Лука Модриќ.

27-годишниот Гризман постигна четири гола на Мундијалот во Русија за да помогне да се стигне до втората светска титула по 4:2 победата над Хрватска во финалето. Тој е еден од финалистите за „Златната топка“ откако имаше и одлична сезона со Атлетико Мадрид освојувајќи ја Лига Европа.

Меѓутоа, Меси и Роналдо исто така имаа одлични сезони – Меси ја освои шпанската титула со Барселона, а Роналдо триумфираше во ЛШ третпат едноподруго со Реал Мадрид пред трансферот во Јунајтед. Мадрид имаат кандидат и во Лука Модриќ, кој веќе ја освои „златната топка“ на СП во Русија и минатиот месец ја освои наградата за најдобар фудбалер на ФИФА.

„Ние сме светски шампиони, дел од најдобриот тим на светот. Ако ова е најдобриот тим на светот, мораме да го имаме и најдобриот фудбалер на светот, нели? Тоа е моето мислење, но има многу гласови кои не се одредуваат така лесно. Сепак, Французин мора да ја освои ’Балон д’ор’“, вели Гризман.

Фото: ЕПА

Scroll to Top