Top Sport

„Гробари“ и „Делии“ се тепале во Белград

Вонредната состојба во која се наоѓа соседна Србија поради коронавирусот не спречила две групи на навивачи на лутите ривали Црвена звезда (Делии) и Партизан (Гробари) физички да се пресметаат во Белград.

Навивачите на Партизан во близина на стадионот цртале графити кога биле нападнати од група на навивачи на Црвена зведа. Во тепачката учествувале околу 50 навивачи кои биле вооружени со дрвени палки и факели. Во тепачката биле користени и пиштоли.

Српските медуми пипуваат дека од линч се спасил еден припадник на полицијата. Полицаецот бил во близина на местото на кое се судриле двете групи, се обидел да ја спречи тепачката, меѓутоа бил нападнат. Тој успеал да стигне до својот мотор, а бегајќи од толпата тој удрил во рекламно пано. Полицаецот минал само со полесни повреди.

Во тепачката биле користени и пиштоли, неколку куршуми завршиле во автомобил во кој се наоѓале двајца навивачи.

Полицијата уапсила тројца навивачи.

Scroll to Top