Top Sport

Гројтер Фирт победи во Бундеслигата по цели 7 месеци

Безмалку 7 месеци траеше „постот“ на бундеслигашот Гројтер Фирт без победа. Денеска конечно „го скршија проклетството“. Го совладаа тимот на Унион Берлин со 1:0.

Инаку гостите од Берлин се во моментов шестоласирани во првата германска лига, со 23 поени, наспроти прескромните само 4 на тимот од Фирт.

Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Хавард Нилсен во 56 минута.

Последен пат Гројтер Фирт триумфираше на еден меч на 23. мај кога на домашен терен ја совлада Фортуна Дизелдорф (3:2) и така обезбеди пласман во Бундеслигата.

Scroll to Top