Top Sport

Гром удрил во авионот со играчите на Херта на пат кон Берлин

Берлинскиот бундеслигаш, Херта Берлин во неделата го играше мечот од шестото коло во првата германска лига нагости кај Келн (Херта победи со 4-0), а на враќање малку фалело да се случи голема трагедија.

Гром удрил во авионот во кој биле фудбалерите и стручниот штаб, но за среќа сите поминале неповредени.

„Се слушна силен тресок. Големо светло блесна и сите го видовме тоа. Драго ми е што успешно слетавме. Никогаш не сум доживеал ништо слично. Беше тоа страшен момент. Стравот на сите ни влезе во коски. За среќа, двајцата пилоти успешно го управуваа авионот кон Берлин“ – изјави спортскиот директор на Херта, Михаел Прец за германски „Билд“.

Scroll to Top