Марко Грујиќ вели дека нема да се откаже од својот сон да биде редовен фудбалер на Ливерпул, откако српскиот фудбалер од средниот ред го покажува своето знаење со Херта Берлин во Бундеслигата.
24-годишниот Грујиќ пристигна на „Енфилд“ во 2016 година, но имаше само 14 настапи за клубот, по што отиде на двегодишна позајмица во Херта, за која има 48 настапи досега зголемувајќи ги шпекулациите дека е можно да отиде на постојан трансфер, но тој сака да остане во Ливерпул.
Тој потпиша нов договор до 2023 пред да замине на позајмица, и вели дека постојано е во контакт со луѓето на „Енфилд“.
„Најмногу се слушам со менаџерот Џулијан Ворд и постојано зборуваме за тренинзите, за тоа што го правиме сега во Германија. Тоа ми значи многу бидејќи уште сум фудбалер на Ливерпул и еден ден сакам да бидам во првиот тим. За мене останува сонот да играм за овој тим“, вели Грујиќ.
Србинот исто така вели дека ја чека промоцијата на Ливерпул за шампиони во Премиер лигата, првпат по 30 години.
„Момците беа неверојатни оваа сезона и ја заслужуваат титулата. Нашите навивачи чекаа толку долго за овој трофеј и ќе биде посебно да се види како Хендерсон ќе го крене трофејот“, вели Грујиќ.