Top Sport

Гулам го спасува клубот од својот кварт, Монтрејно 42

Бекот на Наполи, Фаузи Гулам пратил пет палети спортска опрема како помош на неговиот матичен клуб, малиот Монттрејно 42 од неговиот роден град Сент-Етјен, објавува „Л’Екип“.

Според францускиот весник, ова е втор ваков гест на Гулам, откако претходно поканил 20 деца од проблематичниот кварт на градот за мечот Наполи-Интер.

Малиот Монтрејно 42 е основан во декември 2017 година, и Гулам веќе им пратил целосна опрема – дресови, шорцеви, јакни, тренерки, спортски торби, голмански ракавици и топки. Официјалната церемонија ќе се случи на 10 октомври, а ќе присуствува и градоначалникот на Сент-етјен, Гаел Пердјо, но не и Гулам, кој во моментов е во карантин со Наполи поради КОВИД-19.

Scroll to Top