Top Sport

Гундоган го откри рецептот на успех на Клоп – алкохолот!

Илкај Гундоган вели дека изненадувачката „состојка“ во успехот на Јирген Клоп во Борусија Дортмунд бил алкохолот.

Сегашниот менаџер на Ливерпул ги однесе БВБ до две титули во низа во 2011 и 2012, а во 2013 играше во финалето на Лигата на Шампионите. Клоп замина за Ливерпул во 2015 по седум години во клубот, каде што уште нема сличен успех. Можеби треба да го врати алкохолот.

Во новата биографија на Клоп, Гундоган опишува како алкохолот го зближил тимот.

„Честопати излегувавме заедно како тим. Имаше многу неженети во клубот, и понекогаш се забележуваа последиците на неделните тренинзи. На тренинг не сакаше да знае што се случувало, но само ако се победеше“, вели Гундоган, кој помина четири години со Клоп во Дортмунд, пред да се пресели во Манчестер сити.

Scroll to Top