Top Sport

Гундоган: Пеп не можеше да каже ништо за да ме задржи

Илкај Гундоган денеска беше презентиран како ново засилување на Барселона и призна дека не постоело нешто што можел да направи Пеп Гвардиола да го заддржи во дресот на Манчестер сити, бидејќи „отсекогаш“ бил навивач на Барселона и само чекал шанса да дојде во Каталонија.

„Тоа што сум играч на Барселона ме прави навистина горд. Да се носи овој дрес за мене е сон, и неколку пати бев блиску до Барселона, но не беше вистинско време. Денеска и тоа се случи и кога имав шанса да пристигнам, знаев дека Пеп нема да може да направи ништо за да ме спречи“, вели германскиот репрезентативец.

Тој исто така посочи дека тренерот Чави Ернандез е многу сличен со Гвардиола.

„Прво, Чави јасно ги кажа своите идеи и тоа е многу слично од тоа што го имав во Манчестер сити. Неговиот директен начин, неговиот карактер и начинот на кој играше како фудбалер беше многу јасен. Дојдов во Барса за да продолжам да победувам. Секогаш сум бил навивач на Барса, во ерата на Рајкард, и секако, со Пеп. Не пропуштав ниту еден натпревар“, вели Гундоган.

Scroll to Top